Нова сензација на албанска скијачка – третпат во историјата до второ место во трка од СК!

Американската скијачка Микаела Шиферин убедливо победи на денешната слаломска трка во финскиот Леви, обезбедувајќи ја својата деветта победа на оваа патека за вкупно 65. триумф во слалом во кариерата.

Таа беше доминантна од старт до финиш, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе. Повторување на најдобриот пласман во кариерата и за албанското скијање воопшто оствари Лара Колтури, токму на својот 19. роденден. Таа заостана за 1,66 секунди зад победничката, додека на подиумот се најде и Германката Ема Ајхер, која ја освои третата позиција.

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ, која по првата возење беше четврта, направи сериозна грешка во вториот дел од трката и на крајот заврши на шестото место. Следната женска слаломска трка од Светскиот куп е закажана за 23 ноември во Гургл, Австрија.

ФОТО: EPA PHOTO