Невиден малер го удри играчот на Олимпијакос – се врати по 580 дена и ја скина Ахиловата тетива (ВИДЕО)
Американецот првпат заигра на евролигашки натпревар по пауза од 580 дена, но неговото враќање траеше само 121 секунда. Без контакт, додека се враќаше во одбрана, Еванс падна на паркетот, а потоа теренот го напушти со помош на лицата од медицинскиот тим. Информацијата од Олимпијакос, објавена во текот на ноќта вели дека Еванс ја скинал Ахиловата тетива од што може да се заклучи дека за него оваа сезона е завршена.
Присутните во „Мир и пријателство“, дури и фановите на Жалгирис чиј член беше Еванс во минатото, се држеа за глава и повторуваа дека не е можно ова што се случува. Цела Евролига остана во шок и голем број кошаркари и тренери веќе му испратија пораки со поддршка на американскиот интернационалец.