Уживајте во 15. голови на двата денешни меча од Првата лига! (ВИДЕО)
Головите на двата денешни натпревари не се слика на некој допадлив и ефикасен фудбал, туку тажна слика за овој спорт во нашата земја.
Во Тетово, Македонија Ѓорче Петров настапи со младинци откако новиот сопственик на клубот реши да ги суспендира првотимците кои штрајкуваа поради неисплатени плати.
Шкендија дури имаше и милост што даде седум голови. Мечот заврши 7-2.
Слична беше сликата и во Кратово каде Силекс уште во првото полувреме му даде четири голови на Шкупи, потоа ја тргна педалата од гас, мечот заврши 5-1.