Ни повредите ништо не му можат на ПСЖ: Невес во 95. минута им донесе радост на „светците“ (ВИДЕО)
По голема борба, актуелниот шпански и европски шампион славеше со 3-2, а голот за триумф беше постигнат непосредно пред последниот судиски свиреж. Херој на „светците“ беше Жоао Невес кој неочекувано остана осамен по еден изведен кјорнер и без проблеми, со глава ја затресе мрежата на домашниот тим.
Претходно ПСЖ уште два пати беше во водство, но Лион се враќаше во игра. Првите три гола на мечот паднаа во период од само седум минути, отвори Зер Емери, израмни Мореира, а Кварацкелија во 33. минута се погрижи за 2-1 за гостите. Метланд Најлс на стартот на вториот дел го донесе второто израмнување и се чинеше дека двете екипи ќе освојат по еден бод, но Невес не дозволи така да заврши натпреварот.
Со евентуално реми ПСЖ ќе паднеше на втората позиција на табелата, зад Марсеј, но вака ќе замине на двонеделна пауза како лидер.