Хаос на автопат во Бугарија: Се истепаа навивачи на ЦСКА и Левски (ВИДЕО)

Дербито меѓу ЦСКА и Левски од Софија имаше и „трето полувреме“, откако навивачки групи на двете екипи се пресметаа среде автопат.

Навивачите се судрија на автопат при што се користеле и различни предмети, а епилогот од тепачката е четири потешко повредени лица кои завршиле во болница.

Полицијата сè уште не ги уапсила останатите учесници во хаосот и во моментов се трага по нив.