Хаос во Турција: 371 судија се обложувале, 17 од нив завршија во притвор!
Судиите се осомничени за злоупотреба на службената позиција и манипулација со епилогот на натпреварите, а претходно претседателот на Турскиот фудбалски сојуз, Ибрахим Хаџиосманоглу кажа дека 371 судија имаат профили на веб-страни за обложување, додека 152 од нив активно се обложуваат.
Турскиот фудбалски сојуз на 1 ноември соопшти дека 149 од 152 судии ќе бидат суспендирани во период од осум до 12 месеци поради кршење на правилата со обложување.
Фото: Galatasaray