Гвардиола: Арсенал делува незапирлив, но има уште долго да се игра!

Арсенал има одличен почеток на сезоната, а за тоа зборуваше стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој кажа дека ќе биде тешко да се престигне гигантот од Лондон.

Гвардиола призна дека Арсенал изгледа незапирлив во моментов, но сè уште е рано во сезоната и има уште многу натпревари до крајот, па ситуацијата би можела да се промени.

„Ако продолжат вака и победуваат, тогаш дефинитивно се незапирливи, но секогаш може да очекувате да загубат одредени поени. Ние треба да се фокусираме на нашите натпревари и да победуваме“, кажа Гвардиола.