Милан посакува уште еден „капиталец“, кој е речиси врсник на „дедото“ Модриќ!
Клубот од „Сан Сиро“ би ја следел сличната стратегија како при доведувањето на Лука Модриќ, кој на 40 години стана клучен играч во тимот на Масимилијано Алегри. Се верува дека и искусниот Левандовски веднаш би можел да се вклопи во стартната постава и да има значајно влијание. Милан сезонава има постигнато 15 гола на 10 натпревари во Серија А, додека Полјакот минатата сезона дојде до 42 погодоци на 52 настапи. Во неговата досегашна кариера има над 700 постигнати голови - 87 за репрезентацијата на Полска, 344 за Баерн Минхен, 103 за Борусија Дортмунд и 105 за Барселона.
Доколку Барселона се согласи да го пушти во јануари, ќе мора брзо да бара замена на пазарот, иако зимскиот трансфер-период најчесто не нуди квалитетни решенија. Од друга страна, заминувањето на 37-годишниот напаѓач би ја растоварило платната листа на каталонскиот клуб, кој е во сериозни финансиски проблеми.
ФОТО: EPA PHOTO