„Ел Класико“ за Реал, „Кралевите“ ѝ одржаа лекција на Барселона во Евролигата

Реал Мадрид се радуваше во големото шпанско дерби во Евролигата откако вечерва на гости го доби лутиот ривал со 101-92.

„Кралевите“ до победата дојдоа апсолутно заслужено затоа што во текот на целиот натпревар од почетокот до крајот имаше предност, Барселона не беше на потребното ниво и не успеваше сериозно да се закани.

Уште по првата четвртина гостите стигнаа до двоцифрена предност од 34-23. Барселона во ниту еден момент од вториот период не успеа да ја спушти разликата под десет поени, па и на пауза Реал замина со 58-48.

Сликата на паркетот не се промени ниту во третиот период, далеку беше Барселона од сериозна закана, Реал констатно имаше контрола над резултатот, па беше прашање само со кој резултат ќе слави, а на крајот дојде и до над 100 поени.

Лајлс беше најефикасниот со 29 поени, додека за Барселона Клајбурн уфрли 19. На табелата Барселона сега е деветта по девет одиграни кола, а Рееал се наоѓа три позиции погоре.