Лоши вести за Чаби Алонсо - се повреди Чуамени
Тој има повреда на мускул на левата нога поради што е нужен одмор, па тој нема да може да му помогне на тимот на гостувањето кај Рајо Ваљекано претстојниот викенд. Чуамени е еден од најзначајните фудбалери во составот на Чаби Алонсо и исклучително важен во неговата формација и начин на игра, па неизвесно е како отсуството на последниот играч за врска ќе влијае на екипата.
Местото на оваа позиција, најверојатно ќе го пополни Феде Валверде кој исто така игра одлично сезонава и знае да покрие повеќе места на теренот.