Минас Османи ја доби задачата да го спасува Шкупи од испаѓање!
Минас Османи на клупата на Шкупи доаѓа на местото од турскиот стратег Умит Шахин кој замина од Чаир по серијата лоши резултати.
Османи привремено ја извршуваше тренерската функција, а сега доби перманентен договор и целосна поддршка од раководството.
Целта во наредниот период е да се стабилизира тимот, да почнат да се прават резултати и да се дојде до главната цел оваа сезона, опстанок.
По 11 одиграни кола Шкупи освои само еден бод, тие се заковани на дното на табелата, а првиот тим кој е на местата кои водат во бараж е далеку дури 11 бодови.