Шест гола паднаа во Гостивар: Арсими ја наполни мрежата на Башкими!
Арсими тргна фуриозно во дуелот и веднаш се закани кон голот на Башкими, а конечно успеа да ја пробие одбраната во 36. минута кога Албан Таипи погоди за 1-0.
Гостите од Куманово веднаш возвратија, па преку Ресуљ Мемети го матираа голманот на Арсими за израмнување на резултатот (1-1).
Домашниот состав тргна по втор гол на дуелот, а истиот беше дело на Мухједин Дардишта кој погоди за 2-1 за Арсими на полувреме.
Арсими постигна и трет погодок во 63. минута преку Шефити, а потоа истиот фудбалер стрелаше во 88. минута за да зголеми на 4-1.
Башкими до крајот на средбата успеа да ја намали негативата преку Аворинјо и да ги постави конечните 2-4 во судиското надополнување.
Екипата од Куманово со овој пораз остана на петтата позиција со 19 бодови, додека Арсими има 15 поени на седмото место во Првата лига.