„Црно-бели“ малери: Партизан изгуби со тројка од центар со истекот на времето (ВИДЕО)

Барселона вечерва се наоѓаше пред првиот пораз од Партизан во последните 15 години, но некако успеа да се спаси и повторно да ја однесе победата од белградската Арена.

Торнике Шенгелија одигра маестрален натпревар, но херој на каталонскиот клуб беше уште еден ветеран кој летоска дојде заедно со Грузиецот во Блаиуграна - Вил Клајбурн. Кога беше најтешко, двајцата кошаркари ја презедоа одговорноста и ѝ донесоа победа на Барселона за која уште долго ќе се коментира.

Клучната тројка ја даде Клајбурн на 32 секунди пред крајот кога со истекот на времето, при водство на Партизан со 76-75, погоди безмалку од средината на теренот и тоа „без коски“. Со овој триумф Барса е на делба на четвртата позиција на табелата во Евролигата со биланс 5/3, додека Партизан е 17. со 3/5.