Тежок пораз за Фенербахче: Реал Мадрид го декласира турскиот гигант

Кошаркарите на Реал Мадрид немаа милост за турскиот гигант Фенербахче (84-58) во осмото коло од Евролигата.

„Кралевите“ тргнаа по зацртаниот план и ја добија првата четвртина со 25-16, додека во втората беа неверојатни и му дозволија на ривалот да постигне само шест поени (6-24).

Доминацијата на екипата од Мадрид продолжи во второто полувреме, при што Фенербахче не успеа посериозно да го загрози водството на ривалот и на крајот загуби со 58-84.

Тео Маледон постигна 15 поени, пет скокови и четири асистенции за Реал Мадрид, додека Вејд Болдвин запиша 14 поени, еден скок и три асистенции за Фенербахче.

Фото: Real Madrid BC