Нови детали за состојбата на мотоциклистот по тешкиот пад во Малезија (ВИДЕО)

Возачот на Грин Пауер, Ноа Детвилер во моментов е во критична состојба по тешкиот пад пред трката за Големата награда на Малезија.

Од францускиот тим објавија дека Ноа имал неколку операции во претходните часови и истите поминале во најдобар ред.

„Ноа имаше неколку операции во последните часови и сè беше во ред. Докторите велат дека е во критична состојба. Се молиме за неговото здравје и ја молиме јавноста да ја почитува неговата приватност“, соопштија од тимот.