Барселона не успеа ниту со третата жалба: Флик ќе го пропушти „Ел Класико“

Дисциплинската комисија на Ла Лига ја одби и третата жалба на Барселона, па Германецот Ханси Флик ќе мора да го пропушти „Ел Класико“ поради суспензија.

Флик во судиското надополнување од мечот против Жирона доби црвен картон, по што Барселона се жалеше на одлуката, но тоа не го спаси од казна.

Барселона ќе има и други проблеми затоа што во дербито не може да смета на Рафиња, Роберт Левандовски, Дани Олмо, Пабло Гави и Хоан Гарсија.

Мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра в недела од 16.15 часот.