Нов протест во Ла Лига: Фудбалерите на Барселона и Жирона одбија да играат

Фудбалерите на Барселона и Жирона одбија да играат во првите 15 секунди од натпреварот во Ла Лига поради една одлука на шпанската Ла Лига.

Каталонските гиганти беа лути затоа што Ла Лига реши мечот меѓу Барселона и Виљареал во декември да се одигра во Мајами.

Клубовите не се среќни затоа што треба да патуваат многу километри само за да одиграат натпревар на Флорида, а притоа Барселона доби поддршка и од останати тимови од шпанскиот шампионат.

Ла Лига, сепак, реши да не ги пренесува првите 15 минути и го прекина преносот додека фудбалерите не почнаа да играат на теренот.

Претходно протестираа и фудбалерите на Реал Овиедо и Еспањол (0-2) одигран на 17 октомври.