Во филмска драма убиен еден од најважните луѓе во кипарскиот фудбал!

Вистинска драма во која бил убиен претседателот на кипарскиот второлигаш, Кармиотис, Ставрос Демостено се случувала утрово откако во него било пукано додека управувал со својот „Ролс Ројс“.

Имено, бизнисменот бил застрелан од мотоцикл, но претходно му бил пресечен патот, од друго возило а набрзо на местото пристигнала и брза помош. Демостенос сепак им подлегнал на повредите на патот до болницата.

Инцидентот се случил во близина на неговиот дом. Сторителите засега се во бегство, комбето кое учествувало во инцидентот набрзо било пронајдено запалено на друга локација.

Демостенос беше истакната личност во фудбалските кругови во Кипар, претходно раководеше и со прволигашот Арис. Пред неколку месеци се споменуваше и како опција за претседател на Фудбалскиот сојуз на Кипар, но на крајот не влезе во претседателската трка.