Готово е со Ридигер, си оди од Реал на крајот на од сезоната

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер ја игра последната сезона во тимот на Реал, тврдат денеска водечките шпански спортски медиуми.

Неговиот договор истекува во јуни, а од клубот немаат намера да го продолжат и тоа од повеќе причини. Ридигер на крајот од сезонава ќе има 33 години, но и долг период проследен со повреди и недолично однесување, како она во финалето од Копа дел Реј кога тргна да го тепа главниот судија.

Искусниот дефанзивец дојде во Реал во 2022 година од Челси и со мадридскиот тим освои се што можеше да се освои, но оваа сезона одигра само еден натпревар.