
Барселона сѐ уште е позадолжена од Грција - со години должи богатство на многу клубови
Најголем дел од долгот е кон Лидс, кој сè уште чека 41,9 милион евра за трансферот на Рафиња. Иако поминаа повеќе од три години, Барселона досега исплатила само мал дел од договорената сума. Севиља треба да добие уште 24,5 милиони евра за Жил Кунде, додека Баерн Минхен потврдува дека Каталонците им должат 20 милиони евра за Роберт Левандовски. Покрај овие трансфери, Манчестер Сити сè уште очекува 13,3 милиони евра за Феран Торес, а Бетис има побарување од 8 милиони евра за Емерсон Ројал, играч кој одамна не е дел од Барселона и во моментов настапува за Фламенго.
Овие податоци се дел од најновиот економски извештај на клубот за деловната година што заврши на 30 јуни 2025 година. Одложените плаќања овозможија Барселона да ја преживее финансиската криза по реконструкцијата на „Камп Ноу“ и преселбата на стадионот Монжуик, каде што клубот моментално плаќа кирија. Сепак, долгот и натаму е голем, а клубот и ова лето се соочи со проблеми при регистрацијата на нови играчи поради ограничувањата на финансискиот фер-плеј. Во одреден момент, буџетот за плати повторно бил во минус во однос на дозволената граница.
Дополнителен проблем за Барселона е и истрагата што ја спроведуваат каталонската полиција и Обвинителството за неколку стари трансфери, меѓу кои и оној на Малком во времето на претседателот Бартомеу. Според истражните органи, постојат докази за „очигледна измена“ во договорот меѓу клубот и бразилскиот фудбалер – што повторно фрла сенка врз начинот на работење на клубот во тој период.
ФОТО: EPA PHOTO