
„Храбро го оставивме срцето за Македонија – наградата е голем бод во Гент!“
Совршената игра во одбраната ѝ донесе важен бод на Македонија, а репрезентативецот Ѓоко Зајков кажа дека го оставиле срцето на терен.
„Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана, се разбира дека не можеме против ваков противник секогаш да надигруваме. За мене ова е многу голем бод, игравме на гости со Белгија. Но мораме да ги спуштиме нозете на земја, имаме уште еден важен натпревар за три дена во кој мораме да освоиме три бода, ако сакаме да одиме на светско. Не, бевме само ние тројца во одбрана и Столе, тука беше средината и нападот, сите изгинавме. Кога се игра за Македонија, се остава срце на терен за на крај сè да испадне како што треба“, кажа Зајков.