
Димитриевски: Одигравме перфектен натпревар во одбрана!
Димитриевски кажа дека одиграле перфектен меч во одбрана против фаворитот и заслужиле бод.
„Ова беше тежок натпревар, на нивни терен. Играта на Белгија беше одлична во напад, но мислам дека ние бевме перфектни во одбрана. Требаше повеќе да напаѓаме, но тешко е да се излезе од прва во трета зона во напад, зашто постојано ве притискаат. Одигравме перфектно во дефанзива“, вели Димитриевски.
Чуварот на мрежата на Македонија се надева на триумф против Казахстан, кој ќе ја доближи Македонија до освојување на првото место во групата.
„Од првите натпревари на квалификации одиме на победа. За нас прво место е историја, натпреварот против Казахстан ќе биде тежок, но играме на домашен терен со наша публика. Мислам дека може да дојдеме до победа, но мора да се одмориме и подготвиме за да одиграме одличен натпревар.