Серија за историја: Македонија и по две години и 13 меча сѐ уште нема - пораз!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва дојде до големо реми на гости против фаворизираната Белгија (0-0), со што ја продолжи фантастичната серија без пораз на официјални натпревари.

Националниот тим е без пораз речиси две години, со оглед што последниот неуспех датира од ноември 2023 година, кога загубивме на гостувањето (2-5) кај Италија во Торино во квалификациите за ланското Европско првенство.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски оттогаш имаат осум победи и пет нерешени средби. Меѓу реми резултатите се издвојуваат дуелите со фудбалските велесили Белгија (двапати) и Англија, како и со Велс и Фарски Острови. Победите, пак, беа запишани против Лихтенштајн, Казахстан, Фарски Острови, Ерменија и Летонија.

Следниот предизвик за „црвено-жолтите“ е закажан за понеделник во Скопје, каде што ќе го пречекаат Казахстан во претпоследниот дуел од квалификациите за СП 2026.