Белгијците разочарани: Имавме многу шанси, но немавме среќа!

Македонија одигра одличен натпревар во Гент и освои бод против фаворитот Белгија во квалификациите за Светското првенство (СП).

Белгијците по натпреварот беа разочарани, а посебно Ханс Ванакен кој кажа дека им недостигала завршница во дуелот против Македонија.

„Голема штета е тоа што немавме добра завршница. Во ваков натпревар, може еден момент да го реши натпреварот. Мора да останете фокусирани до крај. Ние имавме многу шанси, но немавме среќа. Деталите го решија мечот“, кажа Ванакен.

Македонија по денешниот дуел останува на врвот во групата со 12 бодови, односно еден повеќе од Белгија.

Фото: ФФМ