
Казахстан со лесен триумф над Лихтенштајн се загреа пред мечот со Македонија
Казахстан го отвори резултатот во 26. минута со голот на Галимжан Кенжебек, додека Бахтијор Зајнутдин зголеми на 2-0 во првиот дел од натпреварот.
Домаќинот играше одлично и во вторите 45 минути, па најпрво преку Кенжебек зголеми на 2-0, а потоа Алибек Касим стрелаше за триумф од 4-0.
Казахстан гостува во Македонија на 13 октомври од 20.45 часот.
Фото: Kazakhstan Football Federation