
Нема крај на агонијата за Олмо, надвор од терените поминал повеќе од една година!
Олмо како што наведуваат од таборот на шпанската реепрезентација со симптоми на повреда на мускулот на листот пристигнал на подготовките, а прегледите покажале дека нема да може да помогне во претстојните натпревари.
Шпанија во овој циклус ќе одигра натпревар против Грузија во Елче, додека со Бугарија ќе се соочи во Ваљадолид.
Честите повреди на Олмо сигурно и ги загрижуваат луѓето во Барселона. Имено, тој од сезоната 2021/2022 не успеал да одработи цела сезона без здравствени проблеми. Во последните четири години одиграл 84 натпревари и во нив заработил 12 повреди, вкупно отсуствувал 370 дена.
Ќе потсетиме минатото лето Барселона за неговите услуги плати сума од 55 милиони евра на Лајпциг
Фото: Barcelona FC/X