„Едно име - една нација“, Македонците од срцето на Гент испратија порака до Европа! (ВИДЕО)

Македонските навивачи кои се во Гент одлично се забавуваат и се загреваат за натпреварот вечерва, но исто така и испратија и една силна порака до цела Европа.

Во центарот на Гент каде што се стационирани најголемиот дел наши навивачи кои ќе бидат вечерва на натппреварот беше развеано големо македонско знаме на кое стоеше: „Едно име - една нација, Македонија“.

На трибините на стадионот во Гент вечерва се очекува бројка од речиси 1.000 навивачи.