Како што се наближува почетокот на натпреварот помеѓу Белгија и Македонија, така се загрева и атмосферата, а Македонците доминираат низ улиците и локалите.

Фото: Драган Арсовски

Од многу места ечи македонската песна, па така нема дилеми дека фудбалерите вечерва ќе имаат голема поддршка. Според највите на трибините ќе има бројка од речиси 1.000 навивачи

Но, од Гент ни пристигнува и една посебно интересна сцена. Имено, едно девојче кое вечерва ќе навива од трибините заспа покриена со македонското знаме. 

Натпреварот во Гент започнува во терминот од 20:45 часот.