
НБА легенда заврши во затвор – пијан заспал додека возел!
Според полициски извештај, 47-годишниот кошаркар бил приведен во вторникот навечер, откако бил затекнат како спие на возачкото седиште на својот „Рејнџ Ровер“ на автопат. Полицијата првично пристигнала на местото по пријава за сообраќајна несреќа што не била поврзана со Пирс. По завршување на увидот и повторното отворање на сообраќајот околу еден час подоцна, службениците го забележале паркираното возило на поранешниот кошаркар и забележале „знаци на алкохолна омалаксаност“.
Бившиот играч на Бостон Селтикс бил уапсен под сомнение за прекршок – управување под дејство на алкохол. Случајот во моментов е во надлежност на градското обвинителство во Лос Анџелес. Неколку дена подоцна, Пирс се огласи преку Инстаграм, тврдејќи дека не бил пијан, туку само заспал за воланот поради долга колона на автопатот.
„Стоев во сообраќај 45 минути без да се поместам и едноставно заспав. Стар сум, уморен сум... Се е во ред, благодарам за поддршката“, напиша тој под фотографија од гужвата што самиот ја снимил.
Пирс е еден од најпознатите кошаркари во историјата на Бостон Селтикс, каде мина 19 сезони и десет пати беше избран на Олстар натпревар. Кариерата ја заврши во 2017 година по краток престој во ЛА Клиперс, а последно работеше како спортски коментатор.