
Ѓоковиќ го елиминира Бергс и обезбеди полуфинале во Шангај
Ѓоковиќ веднаш го нападна сервисот на Бергс на стартот на дуелот, но единствениот брејк успеа да го направи дури во шестиот гем (4-2), по што сервираше без проблеми за да стигне до 6-3.
Србинот направи брејк и во деветтиот гем од вториот сет (5-4), но Бергс успеа во следниот да возврати и да израмни на 5-5. Ѓоковиќ во следниот веднаш го казни ривали и повторно направи брејк за 6-5 по што сервираше за триумф.
Ѓоковиќ во полуфинале ќе игра против Валентин Вашеро, кој е вистинска сензација на турнирот.
Фото: EPA