Заврши четврти во изборот на „Златната топка“, а се пензионираше на 28 години - денес продава правосмукалки!

Поранешниот шведски напаѓач и една од ѕвездите на Светското првенство во 1994 година во САД, Томас Бролин се повлече од професионалниот фудбал на само 28 години, иако во тие моменти имаше уште што да понуди на теренот.

Бролин во 1994 година заврши како четврти во изборот за „Златната топка“, пред него беа фудбалери како Христо Стоичков и Роберто Баџо. Во клупската кариера беше дел од Парма, Лидс и Кристал палас, но повредите и лошите одлуки не му дозволија долго да остане во врвот на европскиот фудбал.

По повлекувањето Бролин тргна по еден целосно поинаков пат, вложи во пазарот, поточно во компанијата „Твинер“, чиј производ го промовираше и продаваше. Идејата му ја претстави Горан Едлунд, а Бролин го препозна потенцијалот и одлучи да инвестира.

Освен тоа се проба и во професионалниот покер што дополнително ја потврдува неговата интересна кариера надвор од фудбалските терени.

„Завршив четврти во изборот за „Златната топка“, но на 28 години кажав доста е. Тогаш почнав да продавам правосмукалки“, изјави Бролин во едно интервју.