Младите фудбалери ремизираа против Унгарија на стартот од евроквалификациите

Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра нерешено (2-2) против Унгарија на стартот од првата квалификациска фаза за Европското првенство (ЕП).

Унгарија поведе во 23. минута со голот на Полонкаи, но Цветковски во финишот од првото полувреме успеа да погоди за 1-1.

Гостинскиот состав повторно зададе удар во 48. минута преку Бошче (2-1), а потоа Џангаровски ги постави конечните 2-2.

Чешка во вториот меч од групата славеше против Гибралтар со 13-0.