Дербито меѓу Брегалница и Скопје во Втора лига ќе се игра под рефлектори!

Брегалница в сабота од 18 часот ќе го пречека Скопје на градскиот стадион во Штип, а натпреварот од Втората лига ќе се одигра под рефлектори.

Првопласираниот тим во Втората лига се надева дека ќе успее да излезе како победник во средбата против четвртиот во шампионатот, а екипата од Штип веќе побара поддршка од своите фанови.

Цените на билетите за дербито од Втората лига ќе чинат 100 денари.

Фото: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica