Муслиу: Многупати покажавме дека играме квалитетно со големи репрезентации!

Македонската фудбалска репрезентација в петок ќе се соочи против Белгија во Гент во квалификациите за Светското првенство (СП), а репрезентативецот Висар Муслиу смета дека може да го изненадиме фаворитот.

Дефанзивецот кажа дека дуелот во Гент е важен за Македонија и најважно е да го извлечат најдоброто од себе на теренот.

„Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема бегање, но ниту е крај на светот. Треба да се подготвиме како и за сите други предизвици, како на минатите натпревари, со ладна глава да влеземе во мечот и да се обидеме да го извлечеме најдоброто од сите нас.

Нормално е дека Белгија ќе нè анализира од нашиот последен меѓусебен дуел, но ние многупати сме покажале дека можеме да одиграме квалитетно со големите репрезентации. Ќе се потрудиме да се подготвиме и да покажеме на терен дека сме конкурентни“, вели Муслиу.

Натпреварот меѓу Белгија и Македонија е закажан на 10 октомври од 20.45 часот.

Фото: ФФМ