Француски кошаркар ја тужи Барселона и бара отштета од 1,6 милиони евра!

Искусниот француски кошаркар Томас Ертел почна судиска постапка против Барселона и бара отштета од 1,6 милиони евра поради трансфер кој му пропадна во последен момент.

Ертел ги имаше договорено сите услови со Барселона, но по слетувањето во Каталонија го пречекаа лоши вести и клубот не го испочитува вербалниот договор.

Французинот се најде во лоша ситуација, па поради тоа бара отшета од Каталонците, кои тврдат дека не постои никаков формален договор меѓу двете страни и не сакаат да му исплатат отштета.

Првото рочиште за случајот треба да биде закажано наскоро, па останува да видиме кој ќе ја добие правната битка.