УЕФА нема никогаш да дозволи создавање на европска Суперлига

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин кажа дека никогаш нема да дозволат создавање на европска Суперлига, иако имаше такви обиди во минатото.

Во 2021 година дури 12 европски гиганти потпишаа договор за создавање на европска Суперлига, а меѓу нив беа Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотнем, Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона, но плановите набрзо пропаднаа по притисокот од навивачите и од УЕФА:

„Европа поставува стандарди во светскиот фудбал и затоа доаѓаат напади од надвор за да се направат промени. Тие се дел од фудбалската приказна, тоа го знаеме добро, но трајната вредност доаѓа само од единствно, рамнотежа и сила која ќе ја покажат сите. УЕФА никогаш нема да дозволи организирано натпреварување само со 12 клубови“, кажа Чеферин.

Фото: UEFA/X