Тренерот на Лејкерс сите спортски фанови и новинари ги нарече – идиоти (ВИДЕО)

Тренерот на ЛА Лејкерс, Џеј Џеј Редик, ја прокоментира кампањата на Леброн Џејмс, која изминатите денови предизвика големо внимание во јавноста.

Џејмс претходно најави „важна објава“, поради што многумина помислија дека станува збор за нова верзија на неговата позната одлука од 2010 година, кога официјално соопшти дека заминува во Мајами. Сепак, се покажа дека станува збор само за реклама поврзана со бренд на пијалаци. Редик откри дека во клубот немало никаква паника и дека сите биле запознаени со вистинската причина за објавата.

„Вие сте идиоти. Сите знаевме дека е реклама – никој не паничеше“, изјави Редик со насмевка.

Во меѓувреме, НБА претсезоната е во тек, а Лејкерси го очекува првиот официјален натпревар на 22 октомври против Голден Стејт.

ФОТО: EPA PHOTO