
Тросар уверен: Не ја потценуваме Македонија, но од нас зависи кој ќе победи
Белгијците очигледно се фаворити на овој меч и самодовербата во тимот е на високо ниво за што најдобро зборува изјавата на фудбалерот на Арсенал, Леандро Тросар.
„Од нас зависи исходот на мечот против Македонија. Се надевам на победа со што ќе придонесеме во добро расположение да отпатуваме за Велс. Не можеме да ја потцениме македонската репрезентација, но ќе се обидеме колку е можно порано да го решиме прашањето околу победникот. Ако навистина веруваме, ќе успееме“, смета Тросар.
На двата септемвриски натпревари во квалификациите за Светското првенство, Белгија постигна вкупно 12 гола, но мора да се знае дека играше протиц најслабите репрезентации во групата Лихтенштајн и Казахстан кои ги победи по 6-0. Тросар беше во тимот на Белгија на мечот против Македонија во Скопје, но не влезе во игра.