Не ја криеше среќата: Реакцијата на Мбапе кога неговиот брат постигна гол против ПСЖ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лил во вчерашниот натпревар против Пари Сен Жермен останаа непоразени, а најголеми заслуги за таквиот резултат имаше братот на Килијан Мбапе, Етан.

Етан Мбапе како и неговиот брат беше дел од ПСЖ, но си замина летото 2024 година, сега против својот поранешен клуб постигна гол и тоа во 85. минута за реми 1-1. Тоа што во минатото настапуваше за ПСЖ не му беше пречка и да го прослави погодокот. 

Од трибините натпреварот го следеше и Килијан кој исто така не го криеше задоволството за погодокот на својот помал брат.