
Меси си „капариса“ поранешен играч на Реал за Интер Мајами
За таа цел последните години си ги донесе пријателите од Барселона, Бускетс, Суарез и Алба, како и Родриго де Пол од аргентинската репрезентација, но тоа друштво полека почнува да се растура бидејќи Бускетс објави крај на кариерата по завршувањето на сезоната. Суарез не е далеку од таква одлука бидејќи во јануари ќе наполни 39 години, па екипата мора да се реновира.
Следна цел на Меси и менаџментот на Интер Мајами е поранешниот шпански репрезентативец Серхио Регуилон кој е производ на школата на Реал, но за првиот тим одигра само 14 натпревари во периодот од 2018 до 2020 година. До минатата сезона беше член на Тотнем, но летово замина оттаму и во моментов нема клуб, па како слободен играч очекува повик.
Токму поради тоа што е слободен, може веднаш да заигра за Интер Мајами и би бил големо засилување за финишот од сезоната во МЛС каде Интер Мајами ќе се бори за титулата.