Вирус ја нападна Бенфика пред дербито со Порто, „настрада“ и Мурињо

Бенфика не успеа да се крене по доаѓањето на Жозе Мурињо, резултатите не се според очекувањата, а екипата се соочува со големи проблеми пред неделното дерби со Порто.

Натпреварот се игра на Драгао, а во моментов е неизвесно во каков состав ќе излезе Бенфика. Голем број од фудбалерите се пожалија на вирус, а симптоми има и тренерот Мурињо кој уште на натпреварот против Челси во Лигата на шампионите се пожали на температура. Последните два дена екипата не може да одработи нормален тренинг и прашање е кој ќе биде во можност да заигра в недела.

Порто е во значително подобра форма во моментов, славеше на сите седум досегашни натпревари во првенството и е на првото место на табелата со гол разлика 19-1. Бенфика е на третото место со четири бода заостанување зад лидерот и два зад Спортинг.