Канаваро се договори - ќе го наследи Катанец и ќе води репрезентација на Светското првенство

Две децении откако со Италија стана светски шампион како капитен, Фабио Канаваро ќе дебитира на Мундијал како селектор.

Денеска тој ги договори сите услови со Фудбалската федерација на Узбекистан и ќе ја води оваа репрезентација на претстојното Светско првенство на кое веќе обезбеди пласман, првпат во историјата. Заслугите за тоа одат на сметка на поранешниот селектор на Македонија, Среќко Катанец, но тој поради здравствени проблеми мораше да ја напушти функцијата пред неколку месеци.

За Канаваро ова ќе биде второ селекторско искуство откако во 2019 година помина 52 дена како предводник на Кина по заминувањето на Марчело Липи, но првпат ќе учествува на големо натпреварување.

Узбекистанците не се многу воодушевени од изборот со оглед на тоа што Канаваро имаше блескава играчка кариера, но како тренер нема големи успеси.