Блесокот на Болдвин не му помогна на Фенер - европскиот шампион потоа во Каунас

Актуелниот освојувач на титулата во Евролигата, Фенербахче доживеа пораз на гостувањето во Каунас откако загуби од Жалгирис со 81-84.

Турскиот тим загуби и покрај фантастичното издание на Болдвин кој постигна 36 поени, но сам играч не може да донесе победа. Жалгирис водеше безмалку цел натпревар, во последната имаше +14 (67-53), но Фенербахе се доближи на само еден поен на три минути пред крајот. Половина од своите поени, Болдвин постигна во тој последен период, но не успеа да го донесе својот тим до триумфот.

Во клучните моменти Улановас постигна тешка тројка на која одговори Болдвин, но Фенер немаше одговор за тројката на Буткевичиус од аголот за 82-79.

По две кола, Жалгирис има биланс 2/0, а ги победи актуелниот шампион и вицешампионот на Европа, Монако и Фенербахче.