
Во Ѓорче стартува деветтото коло во ПМФЛ: Дербито е на Арената, Шкендија гостува во Битола
Од стартот на сезоната двете екипи играат во променлива форма, а се наоѓаат и една до друга на првенствената табела. Македонија Ѓорче Петров со три победи и пет порази се наоѓа на седмата позиција, додека Арсими е зад нив со две победи, две реми и четири порази.
Овој дуел е и единствен денеска, а се игра во терминот од 15:00 часот.
Останатите средби се закажани за до понеделник, а дербито на колото се игра в недела на Арената „Тодор Проески“ каде што Вардар и Струга ќе водат битка за првото место. Струга е лидер со 22 бода, Вардар има два бода помалку.
Колото се затвора со уште еден интересен натпревар во Битола каде што под рефлектори од 18:00 часот силите ќе ги одмерат Пелистер и Шкендија.
ДЕВЕТТО КОЛО ВО ПМФЛ:
Сабота
15:00 Шкупи – Работнички
Брера – Башкими
Недела
15:00 Вардар – Струга Трим Лум
Силекс – Тиквеш
Понеделеник
18:00 Пелистер – Шкендија