Јунајтед не брза да го смени ужасниот Аморим поради „грешката“ од 75 милиони евра!

Манчестер јунајтед сè уште не брза со разрешувањето на Рубен Аморим, иако резултатите на тимот се катастрофални – само 9 победи во 34 натпревари во Премиерлигата.

Според англиските медиуми, причината не е само довербата на управата во португалскиот стратег, туку и високите трошоци што би произлегле од негово предвремено заминување. Раскинот на договорот би го чинело клубот околу 11 милиони фунти како оштета за него и неговиот стручен штаб – речиси истата сума што „ѓаволите“ ја платија на Спортинг Лисабон за неговото ангажирање.

Ова не би било првпат Јунајтед да плати висока цена за промена на тренер. Во последните 13 години, клубот потрошил повеќе од 75 милиони евра на вакви отштети. По заминувањето на сер Алекс Фергусон во 2013 година, клубот исплати 2,4 милиони фунти за неговите соработници. Дејвид Мојс, кој не го дочека крајот на првата сезона, доби 4,9 милиони фунти. Луис ван Гал беше исплатен со 8,4 милиони фунти во 2015 година, а Жозе Мурињо во 2018 доби рекордни 19,6 милиони фунти. Неговиот наследник Оле Гунар Солскјер инкасираше 9,1 милиони фунти, додека Ерик тен Хаг, последниот отпуштен пред Аморим, чинише 10,4 милиони фунти.

Не треба да се заборави ниту Ралф Рангник, кој беше ангажиран како директор на фудбалот, но привремено водеше и како менаџер – неговото заминување чинише 14,7 милиони фунти. Ваквата „грешка“ е огромна и покажува зошто управата на Јунајтед внимателно калкулира пред да ја донесе следната голема одлука.