ММА борци брутално тепаа маж кој ги прскал со солзавец во Белград (ВИДЕО)

Српските медиуми пишуваат дека 35-годишен маж се здобил со тешки повреди, откако во теретана во Белград нападнал ММА борци со солзавец, а претходно им се заканувал и дека ќе ги избоде со нож.

По инцидентот во теретаната, борците почнале да го бркаат 35-годишниот маж кој сакал да се сокрие во продавница за часовници, меѓутоа не му успеал планот.

Бесните борци го стигнале напаѓачот, а потоа почнале да го тепаат со стап, но и со боксови и клоци, како што може да се забележи на видеото кое го објави српски „Информер“.

Видеото може да се погледне ТУКА.