Дончиќ се смрзна на прес-конференција, па сочно опцу на – српски јазик (ВИДЕО)

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, беше во центарот на вниманието на „Медиа денот“ на клубот, каде заедно со Леброн Џејмс им се обрати на новинарите пред почетокот на новата НБА сезона.

Словенецот истакна дека има желба да ја преземе лидерската улога во тимот и покрај тоа што покрај себе го има „Кралот“. Дончиќ беше расположен и духовит, но и откри дека една работа му пречела за време на настанот – студот во салата. Иако времето во Калифорнија беше сончево и топло, во арената било значително поладно, што кај него предизвика видлива нелагодност. Во еден момент дури и сочно опцу на српски јазик, обидувајќи се да се стопли со дување во дланките и триење на рацете.

Сцената веднаш привлече внимание, а американските медиуми без потешкотии го препознаа и без превод тоа што Дончиќ го изговори.