Звезда без својот најдобар играч на мегдан со Порто

Српскиот шампион Црвена Звезда в четврток му гостува на Порто во второто коло од Лигата Европа, а во тимот ќе го нема најдобриот фудбалер оваа сезона Александар Катаи.

Тој се повреди минатата недела на дуелот со Селтик и неколку недели ќе биде надвор од тимот, а нема да му биде на располагање ни на српскиот селектор Драган Стојковиќ за дуелите со Албанија и Андора во октомври.

„На мечот од првото коло на Лигата Европа, Катаи го повреди коленото и пред него е неколкунеделна пауза. Се очекува да биде во конкуренција по репрезентативната пауза во октомври“, објави Звезда.

Катаи не само што е најдобар играч на Црвена Звезда, туку и прв стрелец во српското првенство до моментов со 11 постигнати гола.