Рома реди победи во Серија А, падна и Верона! (ВИДЕО)

Рома со 2-0 ја совлада Верона и ја забележа четвртата победа во петтото коло од најдобрата италијанска лига.

Римската волчица под водство на Гасперини има одличен старт на новата сезона во Серија А, четири победи од пет меча.

Денеска со 2-0 ја совладаа екипата на Верона на меч кој се играше на Олимпико.

Рома рано го отвори натпреварот, дојде до водство од 1-0 со гол на Довбик уште во седмата минута.

Конечните 2-0 ги постави Шуле кој во 79. минута ја затресе мрежата на Верона.

Во истиот термин се одигра мечот меѓу Пиза и Фиорентина, заврши без голови, 0-0.

Претходно Сасуоло со 3-1 го победи Удинезе.