Вардар викендов ја „згази“ Шкендија со 14-6! (ФОТО)

Младинските тимови на Вардар викендов во неколку категории се сретнаа со врсниците на Шкендија и излегоа како убедливи победници, славеа на четири од петте меча, дадоа вкупно 14 голови, примија шест.

Вардарци покажаа голема надмоќ над ривалот Шкендија во младинските категории, скопскиот тим буквално ги прегазија тетовци.

Најубедлива беше генерација 2012 година која со 5-0 денеска ја прегази Шкендија на натпреварот кој се играше во Ново Лисиче.

До победа дојде и генерацијата 2011 предводена од Дејан Цветковски. Тие го добија мечот со минимални 1-0.

Помладите пионери на Вардар славеа гостинска победа. Среде Тетово ја победија Шкендија со 4-1.

Вчера младинците на Вардар на домашен терен ги победија тетовци со 2-1.

Единствениот пораз го доживеаа пионерите на Вардар кои вчера беа поразени со 4-2 од Шкендија во Тетово.